ФОТО | „Те сакаме“: Антониа Гиговска му го честиташе роденденот на Роберт со семејна фотографија

Фото: Инстаграм/Антониа Гиговска

Музичарот Роберт Спасенцовски – Џокер, кој е сопруг на младата поп-пејачка Антониа Гиговска веќе една година ужива во улогата на татко, па за својот роденден одлучи да објави фотографија со синот Киан на која напиша „Мало тигарче за роденден“.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Роберт доби многу честитки по повод роденденот, но најважната беше онаа од Антониа. Имено, пејачката на својот инстаграм-профил сподели семејна фотографија на која синот Киан е во прегратки на родителите.

„Најсреќен роденден тата, те сакаме“ – напиша Антониа во описот на семејната фотографија.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Да потсетиме, Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски – Џокер минатата година стапија во граѓански брак, а по неколку месеци одлучија да направат голема свадба и да ја потврдат љубовта пред голем број гости. Тие се родители на малиот Киан, кој пред речиси три месеци наполни една година.

ФОТО | Тематска забава со диносауруси: Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски му го прославија роденденот на малиот Киан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот