ФОТО | „Тајм аут“ објави листа на најубави места во Европа: На второ место се најде гратче во Босна и Херцеговина кое изгледа нереално

Јајце, Босна и Херцеговина / Фото: steffen schellhorn www.augenflug / imago stock&people / Profimedia

Патеписците на магазинот „Тајм аут“ избраа 18 најубави места во Европа, а на второто место се најде малото гратче Јајце во Босна и Херцеговина кое изгледа нереално.

Јајце се наоѓа на вливот на реките Плива и Врбас, а фотографиите оставаат впечаток на мало гратче од бајка.

„На Босна и Херцеговина не ѝ недостигаат убави места, но ретко кој може да го надмине шармот на Јајце. Прекрасните 22-метарски Пливски водопади го заземаат највисокото место, а спектакуларната слика е врамена од градот со тврдината на врвот. Пливското езеро и неговите прекрасни воденици се наоѓаат веднаш надвор од градот, додека градската збирка на отоманска архитектура, христијански цркви и манастири, мистериозни катакомби и југословенска историја ја прикажуваат Босна и Херцеговина во апсолутно најдобро“, вели авторот на „Тајм аут“, кој го вброја Јајце на врвот на листата најубави места во Европа.

Јајце, Босна и Херцеговина / Фото: Wikimedia commons / Igor Trklja

На списокот има уште неколку знаменитости од поранешна Југославија кои се натпреваруваа со норвешките фјордови, грчките плажи, француските дини…

Јајце, Босна и Херцеговина / Фото: EPA/FEHIM DEMIR

Веќе навикнавме да го гледаме езерото Блед во Словенија на вакви списоци, сите се маѓепсани од „стаклената“ површина на водата која одразува зелени ридови и островче со мала црква од која се слуша „ѕвоното на желбите“.

Блед, Словенија / Фото: Wikimedia commons / Adiel lo

Мотовун во Хрватска исто така е меѓу најубавите места во Европа и е опишано како „живописен стар европски град“ каде што „храната и пијалоците се одлични“.

Мотовун, Хрватска / Фото: Wikimedia commons / Ekaterina Polischuk

Адутот на Црна Гора е „Госпа од шкрпјела“, или „Богородица од карпата“, островче кое го краси Которскиот залив, кој во текстот е претставен како „уникатно место за аџилак и симбол на верата во Црна Гора, до која може да се стигне од Пераст со брод за само 5 евра. Легендата вели дека во 1452 година морнарите пронашле икона на Богородица со дете на карпа среде море, па од тој ден, 22 јули, настанала традиција дека морнарите, по враќањето од успешното патување, лежат камења тука – и така е формиран остров.

Госпа од Шкрпјела / Фото: Wikimedia commons / Luca Sartoni

Погледнете ја целата листа на најубавите места во Европа по избор на магазинот „Тајм аут“:

1. Норвешки фјордови, Норвешка

2. Јајце, Босна и Херцеговина

3. Плажа Ксерокамбос, Грција

4. Улица Алберта, Рига, Латвија

5. Езерото Блед, Словенија

6. Алберобело, Апулија, Италија

7. Вестманејар, Исланд

8. Ројал Алказар во Севиља, Шпанија

9. Цермат, Швајцарија

10. Дина ду Пила, Франција

11. Мотовун, Хрватска

12. Арочар алпи, Шкотска

13. Госпа од шкрпјела, Црна Гора

14. Зимска градина Глиптотекет, Копенхаген, Данска

15. Патот на дивината, Лапонија, Шведска

16. Шлахтензе, Германија

17. Островот Џиљо, Тоскана, Италија

18. Жардим до Моро, Порто

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот