ФОТО: Таеквондистите на „Феникс-Кик“ со 16 медали на меѓународниот турнир „Корио Опен“

фото: facebook/Taekwondo Klub Feniks-Kik

Македонскиот таеквондо клуб „Феникс-Кик“ изминатиот викенд овој викенд учествуваше на силниот меѓународен натпревар „Корио Опен“ каде оствари одлични резултати.

На овој натпревар кој се одржа во Скопје учествуваа околу 300 таеквондисти од четири земји.

Таеквондо клубот „Феникс-Кик“ настапи со 16 натпреварувачи и успеа да се закити со 16 медали.

Во А класата златни медали освоија Дамјан Василевски и Димитриј Василевски, а сребрени Илина Гулабовска, Горазд Стоимановски, Михаела Канзурова и Ирина Рајковска.

Во Б класата до злато дојдоа Ерен Илија Сејфедин, Дамјан Поповски, Марија Змејковска и Марко Змејковски.

Сребрени медали освоија Даријан Симоновски, Ева Гулабовска и Марин Ангелевски, а бронзени Јана Киксинов, Алексеј Димовски и Јаков Ангелевски.

Воедно од клубот објавија дека на овој турнир прогласен за најдобар пионер е Димитриј Василевски кој со три маестрални победи стигна до златен медал, без изгубена рунда во сите три меча.

Димитриј Василевски („Феникс-Кик“)/фото: facebook/Taekwondo Klub Feniks-Kik

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот