ФОТО | Свадба како од бајките: По вторпат се омажи ќерката на Сузан Сарандон

Сузан Сарандон и Ева Амури / Фото: EPA/PAUL BUCK

Ева Амури (39) се омажи по вторпат, а нејзин избраник овој пат е готвачот Иан Лок. Венчавката ја планирала самата Ева, а сè изгледало како од бајка.

Ќерката на познатата актерка Сузан Сарандон и режисерот Франко Амури се омажи во долината Хадсон, Њујорк, подготвувајќи прекрасна церемонија за тесен круг луѓе. Сè изгледало идилично, а Ева блескала во бело, пренесува „Пипл“.

Актерката и блогерка за животниот стил се омажи за готвачот Иан, а целата церемонија била инспирирана од забава во француска градина. Декорацијата изобилувала со природни бои кои имитираат француски градини, а романтичната нота била од цветовите од камилица.

„Работевме со нашиот службеник за да дизајнираме церемонија која ќе се чувствува лична и интимна, а потоа се фокусиравме на нашата втора љубов во животот: храната! Сè што навистина ни требаше беше убава атмосфера, нашите сакани и вкусна забава“, изјавила Амури за „Пипл“.

Тие им послужиле на своите гости различни деликатеси од областа Хадсон, особено патка и лосос. Сè било послужено во фамилијарен стил, а изборот на бар се состоел од локални пива и вина од мали лозја, како и два коктели, плус шампањ за наздравување.

„Мојата најголема цел беше да го направиме токму она што го сакаме без да чувствувам притисок однадвор. Не ангажирав планер за венчавки и сама го дизајнирав целиот амбиент на свадбата. На моменти беше стресно. Последен пат кога бев невеста, немав три деца. Но, генерално, беше толку посебно чувство да се фокусираме на сите мали детали и да го направиме нашиот ден навистина личен“, заклучила таа.

На забавата за само 40 гости присуствувала 77-годишната Сузан Сарандон и нејзиниот поранешен партнер Тим Робинс, а целото внимание го украл малиот син на Ева кој ја придружувал до олтарот со песната „Can’t Help Falling in love“.

За нејзиниот голем ден, таа избрала фустан без прерамки на Ким Касас со истакнат корсет кој комбинира ретро и женствен стил, давајќи им на невестите чувство на сексипилност, но и елеганција. За да си го олесни денот, подоцна се пресоблекла во мини фустан со пердуви, цветна тантела и светки.

„Бидејќи се ​​омажив по вторпат, беше многу полесно да се планира бидејќи научив многу од мојата прва венчавка и се познавам себеси толку добро во овој момент од мојот живот“, рекла Амури, мислејќи на нејзината венчавка со Кајл Мартин со кого беше осум години во брак.

Сите фотографии од венчавката може да ги погледнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот