(ФОТО) Стармер го прифати барањето за формирање на влада од кралот Чарлс во Бакингемската палата

Лидерот на лабуристите Кир Стармер го прифати барањето на кралот Чарлс Трети за формирање влада по убедливата победа на неговата партија.

На церемонијата позната како „бакнување рака“, Стармер официјално стана премиер на Британија.

На снимката објавена од Бакингемската палата се гледа како кралот го поздравува Стармер, кој брзо се поклонил пред  да се ракува во раскошно опремена соба.

Размената беше дел од разработената британска кореографија за менување на владите што потекнува од времето кога кралот ја вршеше врховната моќ и го избра својот врвен министер – премиерот – да раководи со неговата влада.

Денешната уставна монархија ја повторува таа традиција, при што кралот официјално ѝ ја понуди функцијата на партијата која има мнозинство во Долниот дом.

Претходно во петокот, Риши Сунак му понуди на кралот оставка како премиер.

Гласачите во Британија го дадоа својот глас во четвртокот на националните избори за да се изберат 650-те пратеници кои ќе седат во Парламентот во следните пет години.

По повеќе од една деценија на власт под пет различни премиери, конзервативците на Сунак претрпеа голем пораз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот