ФОТО | Среде борбата со тешката болест: Селин Дион се појави на годинашните награди Греми

Фото: Valerie Macon / AFP / Profimedia

Музичката икона Селин Дион (55) се појави на годинашното доделување на наградите Греми и ја изненади јавноста со оглед на тоа што се соочува со тешка дијагноза – синдром на вкочанета личност. Видно емотивна, таа се појави на сцената со поддршка на нејзиниот најстар син Рене Чарлс Анжелил, пишува „Дејли мејл“.

„Ви благодарам на сите! Ве сакам. Изгледате убаво. Кога велам дека сум среќна што сум овде, навистина го мислам тоа – од срце. Оние кои се доволно благословени да бидат тука, на доделувањето на наградите Греми, никогаш не треба да ја земаат здраво за готово огромната љубов и радост што ни ја носи музиката во нашите животи и во живототе на луѓето ширум светот“, изјави пејачката пред да ги претстави номинираните изведувачи во категоријата за најдобар албум на годината.

Пејачката Тејлор Свифт победи во оваа категорија, освојувајќи статуетка за нејзиниот студиски албум „Midnights“. Со ова, таа испиша историја и стана музичар со најмногу победи во категоријата за најдобар албум на годината.

Фото: Chelsea Lauren / Shutterstock Editorial / Profimedia

Пред неколку дена, беше објавено дека Дион подготвува документарен филм со кој ќе ја прикаже нејзината борба со синдромот на вкочанета личност и нејзината кариера среде дијагнозата.

Пејачката изјави дека со филмот „Јас сум: Селин Дион“ („I Am: Celine Dion“) сака да ја подигне свеста за нејзината дијагноза, која 1 беше дијагностицирана пред две години.

„За време на ова отсуство, решив дека сакам да го документирам овој дел од мојот живот, да се обидам да ја подигнам свеста за оваа малку позната состојба, да им помогнам на другите кои ја делат оваа дијагноза“, додаде таа.

Селин Дион со синот Рене Чарлс Фото: Amy Sussman / Getty images / Profimedia

Тоа е ретко нарушување во кое мускулите на телото и екстремитетите наизменично грчат и се вкочануваат.

„Последниве неколку години беа предизвикувачки – од откривање на мојата состојба, до учење како да живеам со неа и да управувам со неа, но не дозволувам тоа да ме дефинира“, објасни Дион.

Селин Дион сака да се врати на сцената, но нема да го стори тоа додека нејзиниот медицински тим не ѝ даде зелено светло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот