ФОТО | Срце за Бренда и Дилан: И ќерката на покојниот Лук Пери се прости од Шенон Доерти

Шенон Доерти, Лук Пери / Фото: Профимедиа / Инстаграм

Шенон Доерти, најпозната по улогите на Бренда Волш во „Беверли Хилс, 90210“ и Пру Халивел во „Волшебнички“, почина по долга борба со ракот на дојката на 53-годишна возраст. Нејзината смрт ја потврди нејзиниот публицист во неделата.

По веста за смртта на Доерти, голем број холивудски ѕвезди на социјалните мрежи се простија од актерката, меѓу кои и колегите од серијата „Беверли Хилс, 90210“, како Џејсон Пристли и Џени Гарт.

Исто така, Софи Пери, ќерката на покојниот Лук Пери, на својот Инстаграм ѝ оддаде почит на Шенон. Таа објави црно-бела фотографија на која Шенон е насмеана додека Лук стои зад неа и го гризе нејзиниот бисерен ѓердан. Софи едноставно додаде емотикон со бело срце на објавата.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Шенон и Лук ги играа Бренда Волш и Дилан Мекеј во глобално популарната серија „Беверли Хилс 90210“, која се емитуваше од 1990 до 2000 година.

Лук Пери почина во 2019 година на 52-годишна возраст, откако доживеа ненадеен и фатален мозочен удар.

ФОТО | Џени Гарт се прости од Шенон Доерти: „Нашата врска беше вистинска и искрена“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот