ФОТО: Сообраќајка го затвори патот Прилеп-Кавадарци, стотици возила пренасочени на спореден пат

Затворен е сообраќајот за товарни возила на магистралниот пат Кавадарци-Прилеп поради сообраќајка, потврди Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес, откако граѓани заглавени во километарските колони на патот, попладнево објавија фотографии на социјалните мрежи.

Патничките автомобили се пренасочуваат на алтернативен, земјен пат, велат од полицијата.

Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук

-Во 14:35 часот случена е сообраќајна незгода на магистрален пат Кавадарци – Прилеп во близина на село Раец, помеѓу влекач со албански национални ознаки и патнички автомобил марка „Ауди А4“. Притоа, едно лице се здобило со повреди и со возило на Јавна здравствена установа Општа болница Кавадарци, е пренесено во кавадаречката болница, вели Самарџиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот