ФОТО | Слават 25 години брак: Дејвид и Викторија Бекам ја пресоздадоа легендарната свадбена фотографија

Викторија и Дејвид Бекам / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Дејвид и Викторија Бекам објавија фотографии на социјалните мрежи во чест на 25-годишнината од брак, со кои ја пресоздадоа својата позната виолетова свадбена комбинација.

Викторија позира во виолетова тоалета со асиметричен цветен појас и сребрени потпетици, додека Дејвид е облечен во виолетов сатенски костум од глава до пети. Двајцата седат на златен трон.

„Погледнете што најдовме“, гласи описот на објавата која има речиси милион лајкови на Инстаграм.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Поранешниот англиски фудбалер и Викторија се венчаа на 4 јули 1999 година во замокот Лутрелстаун во Ирска. Двојката претходно се осврна на облеката дизајнирана од Антонио Берарди за време на нивната документарна серија на Нетфликс со наслов „Бекам“.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Се обидувам да се сетам на времето кога решив да облечам виолетов костум, а не знам кога се случи тоа. Мислам дека само го презедов водството на Викторија, но што размислувавме?“, изјавил Бекам.

Дејвид во 2017 година се шегуваше на сметка на својата модна комбинација на Радио 4 велејќи дека изгледал како момците од комедијата „Глупав и поглупав“.

Но, познатиот пар ги освои своите обожаватели, бидејќи добија голем број позитивни коментари.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„25 години и сè уште изгледате неверојатно, посебни спомени“; „Сега изгледате исто толку добро како тогаш“; „Ќе им кажам на моите деца дека ова е кралот и кралицата на Англија“; „Ова е моето кралско семејство“, гласеа дел од коментарите.

Инаку, една година откако се запознаа, Дејвид и Викторија се свршија, а медиумите ги нарекоа Пош и Бекс. Дејвид ја запросил во хотелот по натпреварот со фудбалскиот клуб „Манчестер Јунајтед“. Двојката се венча во замокот Лутрелстаун во Ирска во 1999 година на раскошна церемонија, која чинеше речиси 1 милион фунти. Викторија и Дејвид имаат четири деца, синовите Бруклин, Ромео и Круз и ќерката Харпер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот