ФОТО | Сите погледи кон неа: Ќерката на Кејт Мос го покажа згодното тело на модна ревија во Лондон

Фото: Profimedia

Британската манекенка Лила Мос (21), ќерка на легендарната Кејт Мос, го привлече вниманието на сите присутни во блескав, златен краток фустан кој ги истакна нејзините нозе и витката фигура.

Таа уживаше на ревијата на пејачката Чарли Екс-си-екс, во соработка со брендот „Ејч енд ем“, на Лондонската модна недела.

Лила Мос / Фото: Mattpapz / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Наследничката на Кејт Мос ја надополни својата комбинација со црни потпетици и чанта во истата боја, незабележителен накит и неутрална шминка.

Младата манекенка била придружувана од нејзиното момче, 23-годишниот Јони Хелбиц, со кого е во врска околу една година.

Фото: Jezza / Goff Photos / Profimedia

Инаку, манекенската кариера на Лила Мос е во нагорна линија, а во едно неодамнешно интервју откри дека ја сакала модата уште од мала. Манекенката се пристетила дека правела свое модно списание со другарките.

„Јас и Ајрис правевме списанија. Се облекувавме, се фотографиравме, ги уредувавме страниците во Ворд документ и ги печатевме“, раскажа таа, откривајќи дека постојано се облекувала во облека на мајка ѝ.

„Секогаш се облекував во плакарот на мајка ми. Јас и мајка ми вчера се присетивме на тоа дека многу често се расправавме кога бев мала за тоа дека не сакав да носам бели хулахопки“, изјави таа за британското издание на „Вог“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот