ФОТО | Сите гледаат во нејзиното мускулесто тело: Лорен Санчез и Џеф Безос уживаат на одмор во Грција

Џеф Безос и Лорен Санчез / Фото: Instagram / Profimedia

Најбогатиот човек на светот Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез моментално уживаат на одмор во Грција на нивната луксузна мегајахта Кору. Ним им се придружиле Ким Кардашијан и познатиот американски фудбалер Тони Гонзалес со сопругата Октобер. Петмината се забавуваа додека пливаа и се сончаа, а папараците ги „уловија“ атрактивната новинарка и Безос додека се возат на џет скии.

Лорен беше забележана во минијатурно металик бикини, па нејзиното мускулесто тело дојде до израз на фотографиите. Атрактивната 54-годишна новинарка е позната по тоа што им пркоси на годините и секогаш може да се пофали со затегната фигура, но ретко кој можеше да претпостави какви мускули таа има.

Очигледно е дека Лорен не пропушта да отиде во теретана. Корисниците на социјалните мрежи не се претерано љубезни кон оваа дама и често ја следат со навреди дека изгледа „евтино“, но сега имаа само пофални зборови.

„Не сум нејзин обожавател, но јасно е колку е посветена на вежбањето“; „На овие мускули би му позавидел секој маж“; „Оваа жена е ѕвер“; „Не треба да се борам со неа“; „Таа навистина изгледа неверојатно“; „Честитки за нејзината упорност“, се само дел од коментарите.


Да потсетиме, не се знае точно кога започнала врската меѓу Лорен и милијардерот, но нивната афера беше разоткриена од медиумите во јануари 2019 година, додека Безос сè уште беше во брак со сопругата Мекензи Скот. Скапо ја плати слободата и можноста да ужива во непречената љубов со Лорен – разводот го чинеше 38,3 милијарди долари, но и 19,7 милиони акции на Амазон.

ФОТО | „Среќен роденден, душо!“: Згодната новинарка му го честиташе роденденот на Џеф Безос со секси фотографија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот