ФОТО | Синот на Меџик Џонсон се појави во проѕирен фустан на Париската модна недела

Фото: Marechal Aurore/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Ервин Џонсон III, попознат како Еј Џеј и син на американскиот кошаркар Меџик Џонсон, присуствуваше на модната ревија на брендот „Сен Лоран“ во рамки на годинашната Париска модна недела.

Еј Џеј пристигна на модниот настан во црн фустан, под кој му се гледала долната облека. Фустанот го искомбинира со кожна јакна и на своето лице стави дискретна шминка.

Фото: Marechal Aurore/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Тој често се фали со фотографии во тесни фустани, мини здолништа и слични комбинации на социјалните мрежи.

Еј Џеј еднаш изјави дека се чувствува совршено удобно во своето тело и дека и покрај тоа што сака да се облекува како женско, не размислува да го промени полот.

„Се сакам себеси таков каков што сум. Среќен сум и задоволен со себе. Отсекогаш сум велел – ако некој не се чувствува добро во своето тело, треба да направи нешто во врска со тоа“, изјави тој за „Ентертејмент њуз“.

„Не се чувствувам како да сум во погрешно тело. Чувствувам дека ова е телото во кое треба да бидам. Не чувствувам потреба да се менувам. 100 проценти сум сигурен во она што го сакам. Удобно ми е во сопствената кожа и го сакам моето тело“, додаде Еј Џеј, кој откри дека е геј пред 11 години.

Познатиот кошаркар призна дека на почетокот му било тешко да прифати дека неговиот син е геј.

Еј Џеј, пак, тврди дека неговите родители и претходно знаеле за неговата сексуална ориентација, но биле загрижени за реакцијата на јавноста. Таткото и синот денес имаат добри односи.

„Тој е доволно храбар и силен за да му покаже на светот кој е“, вели Меџик Џонсон за својот син.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот