ФОТО | „Семејно патување“: Сергеј Трифуновиќ во друштво на 23 години помладата свршеница и татко си

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ неодамна се сврши со својата 23 години помлада девојка Исидора Мијановиќ на нејзиниот роденден.

Сергеј и младата Исидора не се делат еден од друг, а актерот сега на својот инстаграм-профил објави фотографија која ги воодушеви сите негови следбеници.

Имено, Сергеј заминал на семејно патување, а на сликата што ја објави ги гледаме неговиот татко, Исидора и нивното куче.

Фото: Instagram / whistler_dick

„Семејно патување“, напишал кратко Сергеј.

Одговарајќи на коментар на еден од неговите следбеници, тој навести дека набрзо ќе се жени.

Фото: Instagram / whistler_dick

Инаку, Исидора за првпат проговори за медиумите за врската со познатиот актер.

„Договорот е да не се огласуваме за медиумите. Тој тоа го бараше, но секако дека секогаш ќе го почитувам. Што да ви кажам? Јас сум пресреќна. Двајцата сме многу среќни. Ми се допаѓа многу. Уживаме“, изјавила Исидора за „Хајп“.

ФОТО | Сергеј Трифуновиќ ќе застане на „лудиот камен“: Убавата Исидора го покажа свршеничкиот прстен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот