ФОТО | Семејна прошетка на планина: Бремената Ирина и Павле Камилоски уживаат во природа со синот

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Планинарката Ирина Камилоска (поранешно Дишовска) која е во брак со пејачот Павле Камилоски во текот на првата бременост постојано искачуваше планински врвови.

Неодамна, таа на социјалните мрежи откри дека повторно ќе стане мајка и се пофали како ја одржува својата беспрекорна форма во бременоста.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Сега, Ирина која е бремена со девојче, покажа дека во планинската прошетка на Водно ѝ се придружиле нејзиниот сакан и малиот Јосиф. Овој пат Павле одлучил да ја поштеди саканата од тежината и тој ја преземал одговорноста да го носи Јосиф на грб.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Спортскиот дух на ова семејство несомнено е инспирација за сите.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Да потсетиме, пејачот Павле Камилоски и планинарката Ирина Камилоска (поранешно Дишовска) го изговорија судбоносното „да“ во февруари минатата година, а неколку месеци подоцна нивното семејство се прошири со синот Јосиф.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО+ВИДЕО | „Нека ти е вечно името“: Павле и Ирина Камилоски му направија крштевка на синот Јосиф во Галичник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот