ФОТО | Семејна бајка во Москва: Милош Биковиќ си синот и сопругата ги растопи срцата

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Српскиот актер Милош Биковиќ на почетокот на годината се оствари во најважната улога во животот, со избраничката Ивана Малиќ доби син.

Милош и Ивана на својот син му го дадоа името Василије и секојдневно уживаат во неговото растење, а досега на своите профили на социјалните мрежи објавија неколку фотографии од нивните заеднички моменти.

Биковиќ сега на Инстаграм сподели фотографии од семејното патување и ги воодушеви своите следбеници. Имено, бидејќи поради работата често е на релација помеѓу Србија и Русија, така ѓто неговата сопруга и синот често престојуваат со него во Москва, а сега актерот покажа како таму го поминуваат времето.

Милош и Ивана го однеле синот во природа каде уживале во нереалните глетки, но шетале и низ зоолошката градина.

 


Биковиќ споделил неколку неодоливи фотографии со синот додека го шетал во количка, а се фотографирал и со својата избраничка.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Има една Москва. А покрај Москва е шума… а во шумата е СПА одморалиште. Вака започнува бајката од минатиот викенд“, напишал тој во описот на објавата.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

По раѓањето на синот Василије, Биковиќ го прашаа како се чувствува во новата улога – родител.

– Па, во таа улога човек се остварува додека е жив. Се надевам дека во таа улога ќе се остварувам до крајот на животот. Таа улога се развива. Ќе видиме кога таа комуникација ќе стане малку поинтензивна. Засега таа се сведува на плачење, и мое, и негово – раскажа актерот пред извесно време за родителството и за синот.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

По бројните критики: „Ејџ-би-о“ го исклучи Милош Биковиќ од серијата „Белиот лотос“

ФОТО | „Некои важни работи“: Милош Биковиќ ја објави првата фотографија со синот Василије

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот