ФОТО | Сега и официјално: Анџелина Џоли објави фотографија од 9 години помладото момче

Анџелина Џоли и Акала во Венеција / Фото: COBRA TEAM / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Анџелина Џоли и Акала наводно биле во врска повеќе од една година. Тие отидоа на неколку патувања заедно, вклучително и на Филмскиот фестивал во Венеција. Се чини дека сега актерката отиде „чекор понатаму“ во однос на нивната врска…

Се чини дека актерката Анџелина Џоли (49) повторно е во љубов и не го крие тоа како порано. На социјалните мрежи се појави фотографија од Акала (40), уметник и активист со кој Џоли наводно е во врска, а кој неодамна ја придружуваше на Филмскиот фестивал во Венеција.

А сега поранешната сопруга на Бред Пит одлучи да оди чекор понатаму, барем што се однесува до јавноста. На инстаграм-профилот „Atelier Jolie“, кој е профил на истоимениот креативен колектив што го основа актерката, се појави галерија фотографии од панелот што таа го водела. На фотографиите се гледа како Анџелина го интервјуира гостинот Мустафа, кој го претставил својот деби албум, но и некои гости.

Анџелина Џоли и Мустафа / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Во публиката бил и Акала, а пристигнала и актерката Зои Кравиц.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Акала, чие вистинско име е Кингсли Џејмс Меклин Дејли, беше со Анџелина два дена претходно, на премиерата на нејзиниот филм „Марија“ (Maria) во Њујорк, а наводно се во врска повеќе од една година. Тие заедно патуваат, па во мај минатата година отишле на Јамајка, на крајот на декември фотографите ги „уловиле“ на вечера во Милано. Тој во неколку наврати се дружеше и со нејзините ќерки, а извори велат дека токму тоа Џоли навистина го цени.

– Нив ги поврзува интересот за активизам и делат страст кон патувањето и откривање различни култури. Помина долго време откако не почувствувалa ваква привлечност – изјавил претходно изворот, пренесува „Дејли мејл“.

Акала е историчар, поет, новинар, рапер и страстен вљубеник во театарот и уметноста. Пораснал во уметничко семејство, па уште од раното детство посетувал театар и бил опкружен со музика. Досега издал пет студиски албуми. Тој ја објави својата прва книга „Домородци: раса и класа во урнатините на империјата“, во 2018 година.

Организаторите на фестивалот во Венеција морале да спречат средба на Анџелина Џоли и Бред Пит

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот