ФОТО | Се породи Ванеса Хаџенс

Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Ванеса Хаџенс (35) го роди своето прво дете, пренесува ТМЗ (TMZ). Според странските медиуми, актерката сè уште не го открила полот, ниту името на детето, а во средата заедно со сопругот ја напуштила болницата во Санта Моника. Инаку, актерката е во брак со бејзбол-играчот Кол Такер. Таа ја откри својата бременост на црвениот тепих на доделувањето на Оскарите, каде што пристигна во тесен црн фустан до подот и го истакна својот стомак.

Фото: TheImageDirect.com / The Image Direct / Profimedia
Фото: TheImageDirect.com / The Image Direct / Profimedia

Актерката, најпозната по улогата во филмовите „High School Musical“, претходно на социјалните мрежи сподели емотивна честитка која му ја посвети на својот сопруг по повод неговиот роденден.

– Среќен роденден на моето парче рај. Ти го правиш светот посветло место само со тоа што си ти ​​– напишала актерката во описот на објавата.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ vanessahudgens

Ванеса и Кол се запознале во 2020 година преку Zoom. Биле заедно на групна медитација, среде пандемија. После неколку месеци ја потврдија врската, а набрзо се верија. Се венчаа минатиот декември во Мексико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот