ФОТО | Се породи Исаура од „Преспав“, на ќерката ѝ даде прекрасно име

Фото: Приватна архива

Актерката Емра Куртишова стана мајка. Таа вчера на свет ја донесе ќерката Лена, a среќната вест ја сподели на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Добредојде Лена, те сакаме до Месечината и назад“, напиша Емра покрај фотографијата од новородената ќерка.

Актерката Емра Куртишова неодамна се омажи со својот колега од Театарот за деца и младинци, Петар Стојанов. Двојката се венчаше по три години врска, а свадбата беше во Гевгелија, од каде што потекнува Петар. Брачниот живот им годи и не кријат дека се среќни, а тоа што заедно работат, уште повеќе ги зближува, вели Емра за „Слободен печат“.

Инаку, публиката ја засака Емра како Исаура во хит серијата „Преспав“.

 

Искрено со Емра Куртишова: По свадбата почина татко ми, загубата ме исфрли од колосек

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот