ФОТО | Се омажи најмладата ќерка на Клинт Иствуд: Гордиот татко ја одведе до олтарот

Клинт Иствуд, Морган Иствуд со сопругот / Фото; EPA / Instagram

Писателката и продуцентка Морган Иствуд (27) се омажи со Томас Купменс на 15 јуни на ранчот во Кармел, Калифорнија. Морган е најмладата ќерка на познатиот актер Клинт Иствуд кој беше на свадбата заедно со останатите негови седум деца.

Акерот за венчавката на својата ќерка изјавил дека било совршено, а фотографиран е додека нежно го милува трудничкиот стомак на ќерка си.

Фото: Instagram / morganeastwood

Морган, која го чека своето прво дете, изјави за „Пипл“ дека венчавката била инспирирана од европскиот стил и била навистина совршена.

„Сакавме секој елемент да биде што е можно поопуштен. Сама се шминкав и си правев фризура, избрав евтини обетки, ставив штикли што ги носев претходно“, рекла Морган.

Младенците ги венчал нивниот пријател Конор Марден, а Морган избрала венчаница на Сара Севен. Таа го купила тој фустан пред да забремени, па биле потребни преправки.

Фото: Instagram / morganeastwood

Нивното куче одиграло посебна улога и било фотографирано со младенците, додека пак Клинт ја придружувал Морган до олтарот. Како што раскажуваат младениците, многу работи на свадбата биле спонтани.

„Сакавме сè да биде што е можно пократко и послатко“, изјавиле младенците за венчавките завети.

На забавата на која имало 130 гости, била послужена тортата од ванила, за која Морган додава дека „беше неверојатна“. Младенците не ги почитувале строго обичаите, а на гостите им било кажано да носат што сакаат.

Фото: Instagram / morganeastwood

„Мојата деверица Ешли избра син фустан, па се шегуваме дека таа е моето „нешто сино“, но јас немав ништо старо или ново“, раскажала Морган.

Тие го извеле својот прв танц на песната „Baby“ од Дони и Џо Емерсон, која ја сакаат од почетокот на нивната врска. Омилен момент на невестата бил прошетката до олтарот и погледот што го разменила со сопругот пред церемонијата.

Мајката на невестата Дина Руиз била со својот сопруг Скот Фишер. На венчавката бил братот Скот Иствуд и нејзините други браќа и сестри: Лори Мареј, Кимбер Лин Иствуд, Кајл Иствуд, Алисон Иствуд, Кетрин Иствуд и Франческа Иствуд.

Фото: Instagram / morganeastwood

Инаку, парот се вери минатиот јуни, а ќерката на легендарниот актер сакала поинтимна свадба, додека нејзиниот сопруг сонувал за поголема прослава. Сепак, тие постигнале компромис. Ранчот на кој се венчале му припаѓа на нејзиниот татко Клинт Иствуд, кој го купил во 1986 година кога бил градоначалник на Кармел. Тој го реновирал имотот од 22 хектари, но зачувал и многу детали од минатото.

ФОТО: Дали Клинт Иствуд го сними последниот кадар?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот