ФОТО | Самиот призна: Претседателот на Аргентина стави крај на експлозивната врска со актерката

Хавиер Милеј и Фатима Флорез / Фото: Emiliano Lasalvia / AFP Profimedia

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеј (53) потврди дека ја прекинал својата, како што претходно рече „експлозивна врска“ со актерката Фатима Флорез. Популистичкиот лидер како причина за крај на врската ги наведе неговите, но и нејзините многубројни деловни обврски.

Милеј го објави крајот на љубовта на социјалната мрежа Икс, порано Твитер:

„Како резултат на големиот професионален успех кој Фатима го доживува, на која сум исклучително горд,  доби бројни понуди за работа и во САД и во Европа. Тоа, додадено на сложената задача со која се соочувам денес и кои Аргентинците ми ја доверија, нè доведе до тоа да живееме одвоено, ни оневозможува да имаме врска како двојка каква што би сакале да имаме, и покрај тоа колку се сакаме. Затоа одлучивме да ја прекинеме нашата врска и да одржиме пријателска врска со оглед на тоа колку чувствуваме еден кон друг и колку се сакаме, се почитуваме и се восхитуваме“, навел претседателот во пораката.

 


Од друга страна, Фатима Флорез (43) јавно не го коментираше раскинувањето, кое следеше само неколку дена откако парот беше виден како заедно излегува од една синагога на Флорида.

Врската помеѓу претседателот и актерката беше многу хармонична и тие ги информираа локалните медиуми за својот интимен живот. Во интервјуата, Милеј зборуваше дека е „многу вљубен“ и врската ја опишуваше како „егзотична“.

– Дури и кога сме разделени ние сме блиски. А кога сме еден до друг, ние сме експлозивни, знаете на што мислам – рекла Фатима во едно интервју.

Таа зборувала и за уживањето што ѝ го пружа Милеј во сексот, со напомена дека постојат „многу задоволства“.

– Вистината е дека ние сме среќни. Не ја носиме работата дома, кога сме заедно само уживаме. Хавиер е посветен претседател, малку спие за да заврши што е можно повеќе работа. Тој не е како другите политичари, никој не ги сака луѓето како него – рекла Фатима.

Хавиер Милеј и Фатима Флорез / Фото: LUIS ROBAYO / AFP / Profimedia

Милеј и Фатима почнаа да се забавуваат веднаш откако се појавија заедно во една ТВ-емисија во декември 2022 година, само два месеци откако таа се разведе по 22 години брак.

Претседателот на Аргентина, кој е познат по својот неформален настап во јавноста, се соочува со бран големи протести по неговата одлука за значително намалување на јавните трошоци поради економската криза. Тој го намали бројот на федерални агенции од 24 на осум, а повика и на укинување и спојување на министерствата за образование, развој, здравство, правата на жените и заштитата на различностите.

Фатима Флорез / Фото: JUAN MABROMATA / AFP / Profimedia

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот