ФОТО | Розова торта и многу балони: Емра Куртишова и сопругот направија крштевка за малата Лена

Ема Куртишова и Петар Стојанов / Фото; Принтскрин / Инстаграм

Актерката Емра Куртишова минатата година се омажи со својот колега од Театарот за деца и младинци, Петар Стојанов. Двојката се венчаше по три години врска, а тие се остварија и во можеби најголемата улога во животот, како родители на нивната ќерка Лена.

Сега среќните родители имаат повторно повод за славење. Имено, Емра и Петар ѝ направија крштевка на малата Лена. По тој повод актерката сподели неколку фотографии од свечениот момент.

„Среќно крштевање Лени наша“, напиша Емра покрај фотографиите.

Фото; Принтскрин / Инстаграм

На фотографиите имаше голема розова торта, на која беше напишано името на ќерката и мече со крилја, но и путер колачиња во розова и крем боја. Амбиентот беше декориран со многу балони во бела и сребрена боја.

Фото; Принтскрин / Инстаграм

За овој убав настан Емра се одлучи да облече сив комплет од класични панталони и елек, а Петар носеше фармерки и крем кошула. Малата Лена беше дотерана во бело фустанче во кое изгледаше како мала принцеза.

Фото; Принтскрин / Инстаграм

Искрено со Емра Куртишова: По свадбата почина татко ми, загубата ме исфрли од колосек

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот