ФОТО | Романија го заврши настапот на Европското првенство, но со еден гест ги воодушеви организаторите

Фото: EPA-EFE/MOHAMED MESSARA

Репрезентацијата на Романија со вчерашниот пораз од Холандија во осминафиналето го заврши настапот на Европското првенство. Холанѓаните беа подобар противник и на крајот славеа победа од 0:3, иако и Романците на моменти во таа средба знаеа да бидат опасни.

Без разлика што го завршија настапот, Романците оставија солиден впечаток на овој Мундијал, а посебно се истакнува и нивниот гест кој на големите натпреварувања навикнавме да го гледаме од Јапонците.

Имено, романските фудбалери ја „светнаа“ својата соблекувална во Минхен, но исто така оставија и писмо во знак на благодарност за гостопримството и организацијата на турнирот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот