ФОТО | Ријана позира во секси долна облека: Пејачката ја најави својата нова колекција

Ријана / Фото: Instagram / savagexfenty

Покрај тоа што е успешна пејачка, Ријана е и успешна бизнисменка. Tаа овој пат објави две фотографии од себе на инстаграм-профилот, со кои го рекламираше нејзиниот бренд за долна облека.

Ријана позираше во црн комплет долна облека и проѕирно црно здолниште кое речиси ништо не скри од нејзините облини. На овој начин таа најави обнова на соработката со Адам Селман, моден дизајнер со кој веќе соработуваше во минатото.

„Оригиналната соработка на Ријана и Адам Селман за ‘Саваж Икс’ се врати“, напиша Ријана на објавата.

Инаку, минатиот месец Ријана лансираше и нова линија на производи за нега на коса. Тоа е најновата експанзија на нејзиниот бренд за убавина „Фенти“, што ја направи милијардерка. Таа нагласи дека нејзината нова линија на производи за нега на коса ќе вклучува формули дизајнирани за обновување, кои ќе бидат погодни за сите типови коса. Таа стана и новото лице на класичната линија на мириси на Диор.

ФОТО+ВИДЕО | Ријана ги налути обожавателите облечена како калуѓерка со голи гради: „Девојко, јас сум атеист, дури и за мене ова е премногу“!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот