ФОТО | Ретки семејни фотографии: Натали Грубовиќ на летување со сопругот и ќерката во Црна Гора

Фото: Инстаграм/Натали Грубовиќ

Поранешната манекенка Наталија Грубовиќ, која на јавноста ѝ е најпозната по ангажманот во телевизиската игра на среќа „Супер Бинго“, е на семеен одмор со сопругот Дрен Глушец и ќерка ѝ Натали, која го носи нејзиното име.

Иако пред две децении беше најпопуларна девојка на малите екрани, денес Грубовиќ не е многу активна во медиумите и ретко споделува содржина на социјалните мрежи.

Сега таа реши да ги почести нејзините следбеници со неколку фотографии од одморот во Порто Монтенегро, дестинација во Црна Гора за која многумина знаат да речат дека е уникатен спој на Монте Карло, Сен Тропе и Порто Банус во едно.

Дефинитивно, таа е една од најдобро стилизираните Македонки, а доказ за тоа се и нејзините модни избори за време на годинашното летување.

Фото: Инстаграм/Натали Грубовиќ
Фото: Инстаграм/Натали Грубовиќ
Фото: Инстаграм/Натали Грубовиќ
Фото: Инстаграм/Натали Грубовиќ
Фото: Инстаграм/Натали Грубовиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот