ФОТО РЕПОРТАЖА ОД ТУРЦИЈА: Коња се уште живее во духот на големиот мислител и поет Руми

Фото: Слободен печат/Михаило Донев

За да стигнете до градот Коња во Турција ви е потребен околу еден час лет со авион од Истанбул, а ако го изберете овој начин за да стигнете до оваа провинција која се наоѓа во Долна Анадолија, во тој случај при самото слетување, уште кога од висините ќе го погледнете градот, веднаш добивате желба да дознаете повеќе за него.

Коња е познат како важен религиски, но и туристички центар, а иако не сите жители се „тврдокорни“ верници, сепак во градот се раскажуваат бројни легенди и митови за личности кои оставиле силен печат во муслиманството и во градот воопшто.

Фото: Слободен печат/Михаило Донев
Фото: Слободен печат/Михаило Донев

Интересно за Коња е тоа што тоа е една голема турска провинција со над два милиони жители, а покрај бројните музеи, џамии, во ова гратче вистински ќе го почувствувате и духот на самата Турција шетајќи се по излозите, разгледувајќи што има по околните дуќани и пиејќи превкусно турско кафе, кое неретко можете да го добиете и на улица.

Фото: Слободен печат/Михаило Донев

Коња е историски и културолошки центар, а тој секогаш најпрво се поврзува со Џелалудин Мевлана Руми, истакна суфиски поет, мислител, научник и голем хуманист, кој долг период живеел во овој град.

Годинава се одбележува 747 години од неговата смрт и тоа е голем настан во Коња, бидејќи се слави името на поетот кој и денеска го инспирира човештвото.

Фото: Слободен печат/Михаило Донев
Фото: Слободен печат/Михаило Донев

Во Коња се слави смртта на Руми, бидејќи и самиот велел дека човекот по смртта се соединува со Бога, и тоа е нешто што треба да не радува, а не да не прави тажни.

Во тој дух секоја година се изведува мистичниот танц на дервишите познат и како „небесен танц“, а присутните граѓани на Коња имаа можност да уживаат во единствените и инспиративни движења на познатата дервишка група, која често има и светски настапи.

Мевлана се смета за еден од најзначајните мистички поети на Исламот, па токму поради тоа Панорамскиот музеј во Коња е инспириран со мотиви токму од него, а покрај тоа, преку фантастичните фотографии и восочни фигури, воедно се опишува и животот на тамошното население во тоа време.

Фото: Слободен печат/Михаило Донев
Фото: Слободен печат/Михаило Донев
Фото: Слободен печат/Михаило Донев
Фото: Слободен печат/Михаило Донев

Екипата на „Слободен печат“ го посети музејот, како и вечното почивалиште на Руми, каде всушност се наоѓаат и своевидни училници, каде токму Руми го пренесувал своето знаење на сите оние кои биле заинтересирани да научат од него.

Фото: Слободен печат/Донев Михало

Панорамскиот музеј Коња е простран и доста голем, станува збор за навистина прекрасна инфраструктурна градба, испишана со мотиви од животот на обичното население во тоа време, со што преку панорамскиот дел кога навистина мислите дека фигурите ве допираат, навистина можете да го почувствувате духот на Коња од тоа време.

Посебно важно е да се каже дека во комплексот на училниците во кои предавал Руми, кој се наоѓа во близина на музејот, поточно во делот каде што се наоѓа неговиот гроб и гробовите на сите негови потомци, изложен е и примерок од брадата на пророкот Мухамед.

Во споменатиот комплекс, покрај гробниците, направен е и дел за оние кои сакаат да дојдат овде и да се помолат, иако првично не било замислено така.

Фото: Слободен печат/Михаило Доневв

Во споменатиот комплекс, покрај гробниците, направен е и дел за оние кои сакаат да дојдат овде и да се помолат, иако првично не било замислено така.

Покрај сето ова, имавме прилика да видиме и како локалното население изработува цртежи, простирки, но и други интересни фигури со религиски мотиви, а кои со љубов и внимание се подготвуваат и слободно може да се каже дека претставуваат симболи на градот.

Фото: Слободен печат/Михаило Донев
Фото: Слободен печат/Донев Михаило

Фото: Слободен печат/Донев Михаило

Оваа година поради состојбата со ковид-19, како во Турција така и во целиот свет, чествувањето на Руми нема да можат да го следат голем број на луѓе како што тоа е обичај, меѓутоа и покрај скромна манифестација и натаму ќе има, со што и уште еднаш се потврдува фактот дека Коња се уште живее во духот на Руми.

Фото: Слободен печат/Донев Михаило

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот