ФОТО | Проектилите на Иран прелетаа над стадион каде што се играше натпревар од азиската Лига на шампиони

Фото: Screenshot

Најголемиот дел од светот во овие моменти следи што се случува во конфликтот помеѓу Иран и Израел кој ескалираше со вчерашните балистички ракети кои ги лансираше Иран кон Израел.

Ракетите на Иран предизвикаа непријатен момент и во натпреварот од азиската Лига на шампиони во кој иранскиот Сепахан го пречека Истикол од Таџикистан.

Натпреварот заврши со победа на домаќините од 4:0, но кога проектилите прелетаа над стадионот никој повеќе не се интересираше за случувањата на теренот и сите гледаа каде ќе завршат проектилите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот