ФОТО | Принцезата Дијана денеска ќе наполнеше 63 години: Голем хуманитарец, се бореше со депресија и булимија, а нејзината смрт го потресе целиот свет

Принцезата Дијана, кралот Чарлс и синовите / Фото: Profimedia

На денешен ден е родена принцезата Дијана, која многумина ја паметат по нејзината хуманитарна работа. Од самиот почеток беше јасно дека Дијана ќе биде отстапување од многу формалното британско кралско семејство. Таа не се плашеше да ги покаже своите емоции и ставови…Ф

Принцезата Дијана, попозната како Лејди Ди, денеска ќе го прославеше својот 63. роденден. Родена е на 1 јули 1961 година во Сандрингем, Обединетото Кралство. Таа потекнува од богато семејство кое со генерации е поврзано со британското кралско семејство. Нејзините родители се разделиле кога таа имала седум години, а нивниот развод бил поттикнат од смртта на братот на Дијана, Џон.

Дијана беше првата сопруга на денешниот крал Чарлс Трети и еден од најпопуларните членови на кралското семејство во историјата на Велика Британија. Нејзината трагична смрт го „зави“ светот во црно, а таа остана засекогаш сакана поради нејзината едноставна мудрост и опуштеност.

Фото: no, Credit line: – / Shutterstock Editorial / Profimedia

Дијана и Чарлс се венчаа на 29 јули 1981 година, а се запознале кога таа имала само 16 години, преку нејзината постара сестра, која извесен период се забавувала со него. Свадбата од бајките на младиот кралски пар ја пренесуваа 74 ТВ-станици ширум светот, а церемонијата ја следеа повеќе од 750 милиони луѓе. На церемонијата во катедралата Свети Павле во Лондон присуствуваа дури 2.650 гости.

Фото © Band Photo / uppa.co.uk / Avalon / Profimedia

Парот ги доби двата сина, принцот Вилијам (42) и принцот Хари (39). Сепак, Дијана се разведе од Чарлс во 1996 година. По разводот таа ги загуби сите титули, но остана позната како „принцеза на народот“.

Имено, Чарлс постојано ја изневерувал Дијана во текот на нивниот брак. Тој имал афера со Камила Паркер Боулс (76) со која сега е во брак од 2005 година.

Фото: no, Credit line: TopFoto / Topfoto / Profimedia

„Бевме тројца во брак, па беше малку гужва“, изјавила принцезата Дијана во интервју во 1995 година, една година пред официјално да се разделат.

Таа од самиот почеток на бракот и по мачниот развод се борела со депресија и булимија, поради што честопати изгледаше многу слабо.

„Наутро ќе се разбудам со чувство дека не сакам да станам од кревет, се чувствував погрешно разбрана и депресивна“, рекла во една прилика таа.

Фото: Lord Snowdon / Shutterstock Editorial / Profimedia

Откако Чарлс јавно призна дека ѝ бил неверен додека биле во брак, Дијана го прекрши кралскиот протокол и на вечера се појави во провокативен црн коктел-фустан без ракави. Чарлс, се обиде да го оправда своето однесување со изговор дека нивниот брак е „непоправливо скршен“.

Фото: PA Images / Alamy / Alamy / Profimedia

Многумина ја паметат и по нејзината хуманитарна работа и срамежливото однесување. Таа им приоѓаше на луѓето, се гушкаше, разговараше со нив, се ракуваше, се фотографираше… Ништо не ѝ беше тешко, а многумина паднаа на нејзиниот шарм. Дијана ја оствари својата последна хуманитарна посета на Босна и Херцеговина од 9 до 11 август 1997 година. Во текот на тие три дена, таа ги посети и разговараше со жртвите од нагазните мини во Тузла, Зеница, Грачаница и Сараево и сакаше уште еднаш да му покаже на светот колку голем проблем претставуваат нагазните мини за таа земја.

Фото: James McCauley / Capital pictures / Profimedia

Фотографиите на принцезата Дијана потоа повторно го обиколија светот. За жал, три недели подоцна таа загина во сообраќајна несреќа во Париз. Во раните утрински часови на тој кобен 31 август 1997 година, црниот автомобил од марката „мерцедес седан“ со голема брзина удрил во 13-тиот столб од тунелот Понт де л’Алма. Доди ал Фајед и возачот Aнри Пол останале мртви на местото на настанот, а принцезата Дијана починала на пат кон болница.

Фото: Profimedia

Телохранителот на Доди, Тревор Рис-Џонс бил единствениот преживеан. Дијана и Доди наводно се обидувале да им побегнат на папараците кои постојано ги следеле во тој период. Според обдукцијата, Дијана починала како последица на срцев удар. Констатирано е дека смртта била предизвикана од преголемата брзина на автомобилот – и на Дијана и на оние што ја следеле, како и од невнимание на возачот за кој било утврдено дека бил под дејство на алкохол.

Фото: Profimedia

По долготрајна истрага, официјално го прогласија возачот Aнри Пол за виновен бидејќи изгубил контрола над возилото во тунелот, потенцирале дека бил и пијан и на антидепресиви и дека не можел да го контролира возилото додека ги бркале фоторепортерите. Нејзиниот погреб, една недела подоцна, го следеа неверојатни 2,5 милијарди луѓе, една третина од светската популација во тоа време.

По 40 години читач од усни откри што ѝ рекла кралицата на принцезата Дијана на денот на венчавката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот