ФОТО | Пријателството на Новак Ѓоковиќ и Пи Диди под лупа: Се запознавме на забава, но не можам да зборувам за деталите

Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER//Rick Maiman / Backgrid USA / Profimedia

Новак Ѓоковиќ се најде во незавидна ситуација откако неговото пријателство со Шон Диди Комбс, попознат како Пи Диди, се најде под лупа по апсењето на контроверзниот рапер.

Дека Новак Ѓоковиќ и Пи Диди се пријатели дознавме кога американскиот рапер дојде на УС Опен во 2011 година за да му даде поддршка на српскиот тенисер во неговиот меч против Роџер Федерер.

Пи Диди на натпреварот меѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер на Ус Опен 2011 – Фото: Rick Maiman / Backgrid USA / Profimedia

Ѓоковиќ, во тоа време четирикратен грен слем шампион, сакаше да ја освои својата прва титула на УС Опен таа година, што на крајот и успеа. На Твитер, тогаш Новак му се заблагодари на Диди за поддршката и додаде дека неговиот тим мисли дека раперот е „кул“.

„Благодарам за поддршката во сабота на УС Опен! Целиот тим мисли дека си многу кул“, напиша тогаш Ѓоковиќ.

Фотографиите од раперот во боксот на Ѓоковиќ ги преплавија социјалните мрежи кога беше објавена веста за апсењето на Диди.

Пи Диди беше уапсен по сериозните обвинувања за сексуална злоупотреба и трговија со луѓе. По неговото апсење, обожавателите го потсетија Ѓоковиќ на твитот од пред 13 години и му предложија веднаш да го избрише.

По полуфиналниот натпревар на УС Опен во 2011 година, Ѓоковиќ на прес-конференција потврди дека се познавал со Диди подолго време.

„Па, беше одлично што беше таму ( во боксот). Се запознавме на забава, но не можам да зборувам за деталите. Беше забавно. Тој очигледно е огромна ѕвезда во шоу-бизнисот, успешен е и има силен карактер. Мислам дека начинот на кој ме поддржа беше многу интересен“, изјавил тогаш Новак на конференцијата, пишува „Жена.блиц.рс“. 

Подемот и падот на Шон Комбс: Одбиена кауцијата од 50 милиони долари, останува во притвор, а му се заканува доживотна робија

Листата на Епстин: Кејт Бланшет, Леонардо Дикаприо и Камерон Дијаз демантираат каква било поврзаност со озогласениот педофил

Се огласи поранешната девојка на Диди по снимката на која брутално ја тепа: „Сè уште се опоравувам“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот