ФОТО | Повторно без сопругот: Џенифер Лопез се појави во спектакуларно издание на Модната недела во Париз

Џенифер Лопез / Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Пејачката и актерка Џенифер Лопез и овојпат се појави во јавноста без сопругот Бен Афлек, кој е во Калифорнија.

Имено, Џенифер најпрво беше сама на одмор во Италија, а сега пристигна во Париз, каде моментално присуствува на ревијата на модната куќа „Диор“ каде е прикажана колекцијата висока мода за есен/зима 2025.

Нејзиното модно издание е можеби нејзиниот најгламурозен стајлинг среде гласините дека се разведува од актерот. Погледите секогаш се вперени кон неа, а особено во последните неколку недели откако се шпекулира дека нејзиниот брак со Бен е завршен.

Фото: Dylan Travis/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Инаку, Џенифер на престижната модна ревија пристигна во луксузен фустан во А-линија, со гламурозен дизајн и примеси на ретро мода која ја става женственоста во преден план. Крупните сандали се исто така многу гламурозни и го следат нејзиниот вкус кога е во прашање изборот на чевли бидејќи оваа музичка ѕвезда сака сандали и чевли на платформа.

Интересната пунџа придонесува за стајлингот во стилот на стариот добар Холивуд, како и глам кожените ракавици кои не дозволуваа да се знае дали Џеј Ло го носи венчалниот прстен или не.

Фото: Instagram / jlo

На повеќето фотографии таа беше насмеана, знаејќи дека медиумите ќе го следат нејзиното расположение. Дали на Џенифер не ѝ пречат гласините за развод, сака ли со насмевка да каже дека с е во ред, и дека продолжува понатаму во полн сјај? Ова се прашањата додека фановите со нетрпение чекаат поконкретен одговор – дали таа се разведува или не.

Фото: Instagram / jlo

И покрај проблемите во нејзиниот личен живот, Лопез уживаше во разговорот со новинарите. Коментирајќи го својот изглед на модната ревија, таа истакна: „Никогаш не знам што да очекувам, па затоа обожавам да доаѓам на модни ревии“.

Таа додала дека е „огромен обожавател на Диор“ и дека е „навистина возбудена“ да види какви креации ќе се појават на пистата.

ФОТО | Бен Афлек на прошетка без Џеј Ло: Актерот се потруди да им покаже важен детаљ на папараците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот