ФОТО | Поплавена куќата на Гоца Тржан: Пејачката и сопругот открија колкава е штетата

Гоца Тржан / Фото: Принтксрин / Јутјуб

Синоќа низ Србија, како и низ регионот имаше невреме, а многу домови беа поплавени. Истата неволја се случила и во куќата на пејачката Гоца Тржан и нејзиниот сопруг Раша Новаковиќ.

Имено, Раша на својот инстаграм-профил покажа соба полна со вода и мебел како плови во неа. Тој и Гоца цело време собирале вода со крпи, а во еден момент рекол: „Некој апарат за испумпување на вода добро би ми дошол“.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Српски „Телеграф“ ги контактирале Гоца и Раша за да видат каква е состојбата во нивната куќа. Сопругот на пејачката открил каква е штетата по поплавата.

„Саниравме сè, штетата не е голема… Тоа е една соба. Направивме семејна работна акција и завршивме. Ништо страшно“, рекол Раша за „Телеграф“ и се пошегувал дека тоа, всушност, била реклама за џогери.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Инаку, тие живеат во луксузен дом во општина Раковица, а куќата има три спални соби, кујна, две бањи, голема дневна, трпезарија, додека музичкото студио на Раша се наоѓа во подрум. По повеќе од десет години поминати со својата ќерка во Мириево, Гоца реши да се исели од станот што го отплаќаше со нејзиниот татко, риалити актерот Иван Маринковиќ.

Интервју со Гоца Тржан: Мојата борба да имам уште едно дете сѐ уште трае

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот