ФОТО | „Подалеку од нас“: Верка Сердучка ѝ покажа среден прст на Русија
Украинскиот пејач и актер Андриј Данилко, којшто во јавноста е познат како Верка Сердучка, повика да се поддржи украинската армија и објави фотографија на која покажува среден прст.
„Подалеку, подалеку, подалеку! Стоиме и не го даваме нашето срце. Да ѝ помогнеме на армијата, да ѝ помогнеме на одбраната, да си помогнеме едни на други“, стои во описот на фотографијата.
View this post on Instagram
Верка Сердучка доживеа голема популарност со песната „Dancing Lasha Tumbai“ во 2007 година, кога ја претставуваше Украина на Изборот за песна на Евровизија. Првично, песната на националниот избор во Украина беше насловена „Russia Goodbye“, но Русија поднесе приговор до ЕБУ за да се смени текстот.
Руслана со трогателен апел: Светот ќе ни помогне и ќе ја запреме војната!