ФОТО | По долго времe: Објавена заедничка фотографија на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

Фото: Фејсбук/„Дафрин Мовр“

Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон имаа чести заеднички појавувања, сè до моментот кога принцезата се повлече од јавноста поради здравствените проблеми.

По подолго време, сега се појави нова заедничка фотографија од парот, направена во локален семеен хотел, во кој присуствувале минатата година.

Принцот и принцезата од Велс пристигнале во хотелот „Дафрин Мовр“ во Велс на 27 април 2023 година и се фотографирале со персоналот по нивниот престој.

„Помина една година откако ги пречекавме Вилијам и Кетрин, принцот и принцезата од Велс, во ‘Дафрин Мовр’. Тогаш бевме воодушевени што ги угостивме. Тие беа многу љубезни“, напишаа од хотелот покрај фотографијата.

Принцот и принцезата поминале само една ноќ во овој хотел.

Како потсетување, принцезата Кетрин пред еден месец откри дека ѝ бил дијагностициран рак по операцијата на стомакот која ѝ беше направена во јануари. Во емотивното видео, таа сподели дека прима хемотерапија како превентивна метода за спречување на ширење на болеста.

„Во јануари, ми беше направена голема операција на стомакот во Лондон и во тоа време се сметаше дека мојата состојба не е канцерогена. Операцијата беше успешна. Сепак, тестовите по операцијата покажаа дека има присуство на рак. Затоа, мојот медицински тим ме советуваше да поминам низ рунда превентивна хемотерапија и сега сум во раните фази на тој третман“, изјави 42-годишната припадничка на британското кралско семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот