ФОТО | Откако беше депортиран во Белград, Сергеј Трифуновиќ се огласи на Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ whistler_dick

Сергеј Трифуновиќ се огласи на Инстаграм откако ја напушти Хрватска и беше депортиран во Србија.

Тој објави фотографија од сопругата Исидора и нивното куче чие име е Миле.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ whistler_dick

„Дали Миле е пливачот од плажата во Сплит?“, „Дали е тоа ‘страшното’ куче?“, се пошегуваа луѓето во коментарите под објавата.

Имено, Миле со актерот пливаше минатата година на плажа во Сплит. Полицијата потоа пристигнала на плажата откако добила пријава дека Трифуновиќ го чува својот германски овчар без надзор, а актерот бил приведен поради навреди упатени кон полицијата.

Сергеј Трифуновиќ неодамна беше протеран од Хрватска на три месеци. Овој пат санкцијата не важи за ЕУ, туку само за Хрватска. Одлуката за протерување стапила на сила на 23 септември, па на 22 септември Трифуновиќ ја напуштил Хрватска и се вратил во Белград. Со него цело време била неговата сопруга Исидора, родум од Риека.

Тој беше уапсен пред две недели околу полноќ на граничниот премин Бајаково додека поминувал од Србија кон Хрватска. Потоа бил спроведен во Општинскиот суд за прекршоци во Сплит. Трифуновиќ пред судот еден ден претходно изјави дека не се чувствува виновен за она за што е обвинет.

Тој се товари по член 5 и член 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Во член 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир се вели: „Тој што омаловажува или навредува државни органи или службени лица при извршување или во врска со извршување или нивни законски наредби, ќе се казни со парична казна од 700 до 4000 евра или затворска казна до 30 дена“.

Предмет на истражувањето беше објава на социјална мрежа на 10 септември минатата година. Полицијата претходно потсети дека постои основано сомнение дека Трифуновиќ сторил прекршување на член 5 и член 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

„Објавил текст со недолична содржина, во кој истовремено грубо ги омаловажувал полицајците, наведувајќи дека сплитските полицајци изнудиле над илјада евра“, тврдат од Сплитско-далматинското јавно обвинителство. За навреда на полицијата доби условна казна затвор од 60 дена со пробен период од една година.

„Ќе станам граѓанин на Хрватска“: Сергеј Трифуновиќ доби условна затворска казна во траење од 60 дена

„Ќе станам граѓанин на Хрватска“: Сергеј Трифуновиќ доби условна затворска казна во траење од 60 дена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот