ФОТО: Оштетен и ризичен за поминување мостот на реката Пена во Тетово

Фото: Слободен печат

Видно е оштетен мостот на реката Пена на улицата Индустриска во Тетово. Уништен е металниот и бетонскиот столб.
Мостот бил оштетен од сообраќајна несреќа што се случила пред една недела, но се уште нема никакви активности за негова санација. Оштетениот мост во овој дел на Тетово ја доведува во прашање и безбедноста на овој патен правец.

Командирот на Противпожарната единица во Тетово, Авни Ахмети вели дека ќе се преземат мерки за санирање на оваа штета

Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат

„Од информациите со кои располагаме, мостот е оштетен како последица на сообраќајна несреќа што се случи пред неколку дена, излеговме на местото на настанот и беше одлучено следната недела да почнат работите за да се санираат оштетувањата. Општина Тетово во соработка со надлежните институции одлучи да го санира и се надеваме дека во најбрз можен рок ќе се врати во претходната состојба“, изјави командирот на Противпожарната единица во Тетово, Авни Ахмети.

Мостот на улицата Индустриска изминативе години во неколку наврати беше оштетуван од поплавите кои го зафатија тетовско, но досега властите не презеле никакви активности за негова санација.

Инаку оваа сообраќајница е една од најфрекфрентните во Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот