ФОТО: Огромни редици за упис на ФИНКИ, идните студенти чекаат со часови

Гужва на уписниот ден на ФИНКИ/ Фото Слободен печат

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” Скопје денеска и утре е првиот рок за пријавување за упис во прва година во академската 2022/2023 година за кандидатите кои се рангираат само според успехот од средното образование. На Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) идните студенти веќе со часови чекаат во долгите редици за да ги остават своите документи.

Гужва на уписниот ден на ФИНКИ/ Фото Слободен печат

Идните студенти нестрпливо чекаат да ги остават документите и да ги започнат студиите, иако некои од нив се веќе нервозни поради долгите редици.

Како и во последниве години, така и оваа, трендот кај младите своите студии да ги запишуваат на ФИНКИ продолжува.

Некои од идните студенти за „Слободен печат“ велат дека го одбрале токму ФИНКИ поради широката понуда на студии, како и актуелната побарувачка во ИТ секторот.

„Отсекогаш ме интересирале компјутерите, па затоа мислам дека ФИНКИ е добро решение за мене“, вели еден иден студент.

Некои од студентите, пак, велат дека биле неодлучни, па според препораките на постарите пријатели и роднини, решиле да се запишат токму на овој факултет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот