ФОТО | Одмор од пеколот: Позната водителка уживала на Бали, па се вратила со тешка инфекција

Фото: Instagram / jodieoddy15

Австралиската радио водителка Џоди Оди доживеала непријатност за време на нејзиниот одмор на Бали, каде што се заразила со вирусна инфекција за која рекла дека е толку исцрпувачка, дури „полоша од породување“, пренесува „Дејли мејл“.

Џоди неодамна проговори за својот „одмор од пеколот“ на кој се заразила со вирусот познат како херпес зостер.

Патем, големите сипаници се предизвикани од вирусот варичела-зостер, кој припаѓа на семејството на херпес вируси. Покрај тоа што предизвикува сипаници, истиот вирус може да предизвика и болест позната како херпес зостер.

Водителката на Инстаграм сподели фотографија на која се релаксира во базен до плажата, додека на следната фотографија објави дека лежи во кревет покриена со црвен осип на градите и рамената.

Фото; Instagram / jodieoddy15

Во описот на својот профил напишала дека моментално се бори со херпес зостер, но дека се чувствува добро.

„Инста против реалноста. Херпес за победа“, напишала Џоди во описот на нејзината објава.

Џоди подоцна откри дека болката што ја чувствувала била толку мачна што веднаш отишла во болница штом се ратила од одмор.

„Излегов од авионот и отидов директно во болница. Тие ги направија сите тестови и ми рекоа дека дефинитивно е вирусот на херпес зостер“, раскажала таа.

Фото; Instagram / jodieoddy15

Неколку обожаватели во коментари ѝ посакаа брзо закрепнување, а многумина ги споделија своите искуства со оваа болест. Тие велат дека тоа е многу болно искуство. Ѝ рекле да внимава.

Познатата радио водителка извесно време била на Бали со својот сопруг пред да се разболи и да се врати во Австралија. Веста следи по најавата дека милиони Австралијци можат да добијат бесплатна вакцинација против херпес зостер. Целна примарна група се сите луѓе на возраст од 18 до 64 години кои имаат сериозни здравствени состојби како ХИВ или бубрежна болест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот