ФОТО | Обожавател ѝ дал на Анџелина Џоли да потпише постер со Бред Пит: Изразот на нејзиното лице кажува сѐ
Американската актерка Анџелина Џоли присуствувала на филмскиот фестивал во Њујорк во понеделникот вечерта, каде ѝ пришол обожавател барајќи автограм. Сепак, тој сакал славната актерка да го потпише неговиот филмски постер за акциониот филм „Господин и госпоѓа Смит“ од 2005 година, во кој таа глуми со поранешниот сопруг Бред Пит.
Анџелина Џоли е фотографирана како потпишува автограм на филмскиот плакат за филмот „Господин и г-ѓа Смит“, на чиј сет го запознала својот поранешен сопруг Бред Пит, пишува „Пејџ сикс“ (Page Six).
Stone-faced Angelina Jolie autographs movie poster with ex-husband Brad Pitt’s face for fan in NYC https://t.co/wVXAG187vd pic.twitter.com/1AYMBsBZLU
— Page Six (@PageSix) October 1, 2024
Џоли изгледаше прилично вкочането додека го потпишуваше своето име веднаш до лицето на плакатот. Таа вешто избегнуваше да ја погледне сликата на нејзиниот поранешен сопруг пред да продолжи со својата вечер.
Додека беше на филмскиот фестивал, Џоли беше облечена во црн капут стилизиран со потпетици во боја на кожа и црни очила за сонце.
Да потсетиме, парот се вљубил во 2005 година на снимањето на филмот „Господин и г-ѓа Смит“. Тие се венчаа во 2014 година, а добија шест деца, од кои три посвоија.
Медокс, Пакс и Захара се посвоени, а Шајло, Нокс и Вивиен се нивните биолошки деца.