ФОТО | Објавени официјалните фотографии на Чарлс Трети, кралот им упати порака на Британците

Фото: Hugo Burnand/Royal Household / Shutterstock Editorial / Profimedia

По тридневната прослава за крунисувањето, британскиот крал Чарлс Трети „искрено и длабоко“ им се заблагодари на сите кои беа вклучени во свеченоста за време на викендот и рече дека тој и неговата сопруга Камила ќе ги посветат своите животи на кралската служба.

Во саботата, кралот Чарлс и кралицата Камила беа крунисани во Вестминстерската опатија во Лондон, на најголемата церемонија во Велика Британија во последните 70 години.

„Како што се приближува крајот на викендот на крунисувањето, јас и мојата сопруга сакавме да ја споделиме нашата искрена и длабока благодарност до сите оние кои помогнаа оваа пригода да биде толку посебна“, рече кралот Чарлс во соопштението до јавноста.

Фото: Hugo Burnand/Royal Household / Shutterstock Editorial / Profimedia

„Тоа што ја имаме вашата поддршка и што ја сведочиме вашата добрина, изразена на толку многу различни начини, беше најголемиот подарок за крунисувањето, додека ние повторно ги посветуваме нашите животи за да им служиме на луѓето од Обединетото Кралство и земјите од Комонвелтот“, додаде тој.

Фото: Hugo Burnand/Royal Household / Shutterstock Editorial / Profimedia

Ова соопштение беше објавено на крајот од тридневните свечености, а беше придружено со четири официјални фотографии од Чарлс, Камила и членовите на кралското семејство.

Фото: Hugo Burnand/Royal Household / Shutterstock Editorial / Profimedia
Фото: Hugo Burnand/Royal Household / Shutterstock Editorial / Profimedia

„Арогантен слабак“: Детали од животот на кралот Чарлс Трети кои го изненадија светот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот