ФОТО | Објавена поканата за крунисувањето: Камила официјално станува кралица

Фото: Инстаграм/Британското кралско семејство

Денеска беше објавена официјалната покана за крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети, кое ќе се одржи на 6 мај годинава, објави „Би-би-си“.

Новост е дека сопругата на кралот Чарлс Трети, Камила е наречена „кралицата Камила“ на илустрираната покана, наспроти нејзината досегашна титула „сопруга на кралот“. Тоа е јасен показател дека од 6 мај тоа ќе биде нејзината официјална кралска титула.

Фото: Инстаграм/Британското кралско семејство

Извор близок до британското кралско семејство сугерира дека на почетокот од владеењето на Камила имало смисла таа да ја носи титулата „сопруга на кралот“, со цел да се разликува од покојната кралица Елизабета Втора, но дека сега веќе е „соодветно време“ официјално да ја добие титулата „кралица“.

На свечената церемонија во Вестминстерската опатија, на која ќе бидат поканети околу 2.000 гости, новата кралица Камила ќе биде крунисана покрај кралот Чарлс Трети, 18 години по нивната венчавка.

Дизајнот на поканата е на илустраторот Ендру Џејмисон и претставува рефлексија на долгогодишната еколошка кампања на кралот Чарлс Трети. Уметничкото дело содржи диви цвеќиња, птици и инсекти, како и национални и хералдички амблеми.

Фото: Инстаграм/Британското кралско семејство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот