ФОТО | Објавен нов портрет на кралот Чарлс: Со фотографијата го одбележа Денот на британските вооружени сили

Кралот Чарлс / Фото: Instagram / theroyalfamily

Нов портрет на кралот Чарлс во воена униформа беше објавен во саботата по повод Денот на британските вооружени сили.

Имено, на фотографијата е прикажан кралот облечен во свечена униформа на фелдмаршал со медали, меч и одликувања. Кралот, кој е врховен командант на вооружените сили, се врати на своите должности на почетокот на минатиот месец, откако во февруари му беше дијагностициран рак.

Според позитивните коментари под фотографијата објавена на социјалните мрежи, несомнено следбениците на британското кралско семејство се пријатно изненадени и воодушевени.

Фото: Instagram / theroyalfamily

„Конечно добар портрет“; „Најдобар портрет досега“, „Многу убава фотографија. Ми се допаѓа композицијата и боите.“, пишуваат обожавателите на кралското семејство.

Објавувањето на фотографијата се совпадна со видеопораката на кралицата Камила до припадниците на вооружените сили, која таа ги нарече „извор на инспирација, безбедност и гордост“.

Да потсетиме, пред два месеци кралот Чарлс го откри својот прв официјален портрет. Маслото на платно на уметникот Џонатан Јео го прикажува Чарлс на позадината на живописни црвени нијанси во униформата на воената единица на велшката гарда со пеперутка преку неговото рамо.

Необичниот портрет предизвика поделени мислења меѓу кралските обожаватели и корисниците на социјалните мрежи. Некои велат дека црвената боја им предизвикува „непријатно чувство“, а некои дека добиле впечаток како монархот да е „во пеколот“.

ФОТО+ВИДЕО | Кралот Чарлс Трети го откри својот прв портрет по крунисувањето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот