ФОТО | Њујоршки богаташ мора да ѝ плати на дадилката 2,78 милиони долари бидејќи тајно ја снимал

Мајкл и Даниел Еспосито, Кели Андраде - Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Поротата на Менхетен одлучи дека на дадилката мора да ѝ се додели отштета од 2,78 милиони долари, откако е откриено дека била тајно снимана од богаташ од Стејтен Ајленд. Богаташот го нарекуваат и магнат за брза храна, но жртвата е бесна бидејќи тој, според неа, добил само „тапкање по рамо“ од обвинителите, пишува „Њујорк пост“.

Мајкл Еспосито (35) снимил „стотици“ еротски видеа од Колумбијката Кели Андраде (25), а потоа се обидел да ѝ ја скрши вратата кога била преплашена откако пронашла скриена камера во нејзината спална соба, се вели во тужбата поднесена пред федералниот суд во Бруклин.

Мајкл и Даниел Еспосито – Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Тој бил уапсен во 2021 година под обвинение за незаконско следење, кривично дело казниво до четири години затвор. Меѓутоа, окружниот обвинител на Стејтен Ајленд и судијата му дозволиле на Еспосито да избегне затворска казна, под услов да присуствува на советување, со условна казна од две години.

Кели Андраде – Фото: Принтскрин/ Јутјуб

„Не е доволно за сѐ што поминав овие три години. Не е доволно“, изјавила Кели за „Пост“ пред да се расплаче.

„Бев лута бидејќи штетата што ја направи беше ненадоместлива“, додала таа.

Кели Андраде – Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Кели Андраде потекнува од Јужна Америка и поминала стотици часови обука пред да биде ангажирана преку агенција за вработување кога дошла во САД. Агенцијата ја сместила кај Еспосито и неговата сопруга Даниел, инаку сопственици на три франшизи „ЛаРоса Грил“.

Тие ѝ дале на Андраде соба да спие додека таа се грижела за нивните четири мали деца. Таа тврдела дека постојано го наоѓала Еспосито во нејзината соба како си игра со детекторот за чад на таванот, кој „постојано го поместувал“, се вели во тужбата.

Помалку од три недели откако почнала да работи, таа го проверила детекторот за чад и открила камера внатре со мемориска картичка полна со снимки, меѓу кои имало многу на кои била целосно гола.

Андраде го пријавила инцидентот во полициска станица, а Еспосито бил уапсен на 24 март 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот