ФОТО | Нина Бадриќ во Белград, изгледа како милион долари! Што ги поврзува неа и Кери Бредшо?

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Познатата хрватска пејачка Нина Бадриќ објави фотографии од Белград и со тоа привлече големо внимание.

Нина Бадриќ сака да изненадува со квалитетни парчиња облека, но и со неочекувани промени во имиџот.

Овој пат, познатата пејачка објави фотографии од Белград на кои позира во посебен модел на панталони, совршен за деловните жени, но и за оние кои сакаат да сокријат вишок килограми.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Станува збор за необичен модел со асиметричен крој, со потписот на лондонскиот моден бренд JW Anderson, а нивната цена е од 800 до 900 долари. Со оглед на тоа колку се ефектни, Нина ги искомбинирала со едноставна бела кошула и чевли со високи потпетици во стилот на Кери Бредшо. Чевли како оние „Маноло Бланик“ што ги прослави Кери Бредшо во серијата „Сексот и градот“ – шпиц, тенка потпетица, украсена со голема тока со штрасови – ја направија облеката вистинска модна бајка.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Нина никогаш не изгледала подобро. Секое нејзинот појавување привлекува огромно внимание, а со ова модно издание таа ги „потресе“ социјалните мрежи. За нејзината објава и стајлинг во коментар ја пофали и пејачката Јелена Розга.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Најдобро издание досега: Нина Бадриќ ужива во Грција и добри бројни комплименти за изгледот

ФОТО | Нина Бадриќ во празнично расположение: Позира покрај елката во краток фустан и „Гучи“ чорапи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот