ФОТО | Никогаш посреќни: Даниел Кајмакоски со сопругата и синот во посета на Охрид

Даниел Кајмакоски и сопругата / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски отсекогаш бил искрен кога станува збор за неговиот приватен живот. Тој честопати знае на социјалните мрежи да сподели фотографии од моментите поминати со својата сопруга и синот.

Сега, Даниел, кој долго време живее во Белград, се пофали дека заедно со сопругата Марина и синот Стефан се во посета на Охрид. Тие се прошетале низ градот, па одлучиле да седнат во еден од локалите на кафе, пиво и охридски цреши.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Убав и облачен ден со Даниел Кајмакоски“, напишаа на инстаграм-профилот на кафулето, чии гости беа пејачот и неговата сопруга.

Фото: Instagram / mygrandparentshousecafe

Да потсетиме, Даниел Кајмакоски претходно беше во брак со манекенката Кристина Димитријевска, со која има едно дете – синот Давид.

По разделбата со Димитријевска во 2020 година, пејачот го чуваше приватниот живот далеку од очите на јавноста. Тоа се смени во септември 2022 година, кога ја сподели првата фотографија со неговата сегашна сопруга Марина токму од Охрид.

ФОТО | „Ова е Стефан кралот“: Даниел Кајмакоски стана татко на уште едно момче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот