ФОТО | Никогаш посреќни: Бремената Марго Роби и нејзиниот сопруг разменуваа бакнежи на Вимблдон

Том Акерли и Марго Роби / Фото: James Veysey / Shutterstock Editorial / Profimedia

Пред само неколку дена се дозна дека актерката Марго Роби е бремена, а сега таа и нејзиниот сопруг Том Акерли беа видени на Вимблдон.

Неодамна фотографите ја „уловија“ актерката на улиците на Њујорк во широка јакна каде изгледаше како да сака да го сокрие трудничкиот стомакот. Овој пат Марго гордо ја покажа својата фигура.

Фото: Stephen Lock / i-Images / Eyevine / Profimedia

Имено, на тенискиот натпревар на Вимблдон, таа носеше бел асиметричен фустан со точки што допираше до нејзините колена. Модниот избор го комплетираше со црни чевли со високи потпетици, златен накит и црно-бела чанта.

Идните родители изгледаа пресреќно и цело време се држеа за рака, а на трибините паднаа и неколку бакнежи меѓу нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот