ФОТО | Неверојатно откритие во морските длабочини: Пронајден целосно сочуван метален борбен шлем близу Сицилија

Фото: Принтскрин / Фејсбук

Италијанските археолози неодамна наидоа на неверојатно откритие во Јонското Море, недалеку од југоисточниот брег на Сицилија.

Во истражувањето на подводниот свет учествувале членови на организацијата „Сопринтенденца дел Маре“ и истражувачи од Универзитетот во Неапол, пишува „Фокс њус“.

За време на нуркањето, еден од истражувачите наишол на „необичен камен“, а потоа се воодушевил кога сфатил дека пред себе има практично неоштетен борбен шлем.

Во објавата на официјалниот профил на Фејсбук на организацијата се вели дека бил пронајден на длабочина од пет метри, и дека бил покриен со многу минерали.

Се верува дека шлемот е произведен помеѓу доцните 1400-ти и 1600-тите години, познат како „кабасет“ (cabasset), кој потекнува од Шпанија. Името на шлемот најверојатно потекнува од шпанскиот збор „глава“ / „cabeza“.

Еден од нуркачите помогнал внимателно да се извади на површината, а најверојатно тоа било првпат да биде надвор од водата во последните 600 години.

„Овој тип на шлем бил многу распространет меѓу пешадијата од тој период, но го користеле и поморските трупи. Со понатамошно пребарување ќе утврдиме дали се работи за изолиран случај или за поголем локалитет“, изјавиле од организацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот