ФОТО | Не може да ја скрие среќата: Хејли Бибер објави нови фотографии со трудничкиот стомак

Хејли Бибер / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Откако манекенката Хејли Бибер неодамна откри дека го чека своето прво дете со сопругот Џастин Бибер, таа на својот инстаграм-профил сподели нови фотографии од растечкиот стомак.

Хејли сподели серија фотографии на кои се гледа како изгледале нејзините претходни денови откако ја сподели среќната вест со јавноста. Во објавата, манекенката може да се види како позира за да го истакне својот труднички стомак.

Откако парот ја сподели својата возбудлива вест за бебето, извор за списанието „Пипл“ изјави дека сите се возбудени: „Тие ќе бидат одлични родители и Џастин ќе биде многу вклучен“.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Набргу откако парот објави дека го очекува своето прво заедничко бебе, претставникот на Хејли потврди за истиот магазин дека таа е нешто повеќе од шестиот месец од бременоста. Но, сè уште не е познат полот на бебето.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Тие имаат име за кое мислат дека е совршено. Почнуваат да ја украсуваат детската соба. Едвај чекаат да го запознаат бебето“, додал изворот.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Инаку, во 2009 година, Џастин и Хејли се запознаат преку нејзиниот татко Стивен Болдвин на премиерата на документарниот филм на Џастин „Никогаш не кажувај никогаш“. Парот потоа имаше кратка врска во 2016 година по раскинувањето на неговата децениска романса со Селена Гомез. Тие потоа ја обновије врската во 2018 година и се во брак од септември истата година.

ФОТО+ВИДЕО | Џастин и Хејли Бибер ќе станат родители: Двојката го очекува своето прво дете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот