ФОТО | Најубавата жена на светот денеска полни 60 години: „Не вежбам, не трчам, сакам да јадам, едноставно кажано – мрзлива сум!“

Фото: Mariya Butd / Flickr

Актерката Моника Белучи со децении важи за една од најубавите жени во светот. Славната Италијанка денеска, 30 септември, полни 60 години, а по повод роденденот зборуваше и во најновото интервју, во кое се осврна и на својата сегашна љубовна врска со славниот режисер Тим ​​Бартон.

Моника Белучи и Тим Бартон / Фото: EPA-EFE / JAVIER ETXEZARRETA

Актерката со безвременска убавина низ текот на годините како воопшто да не се променила. Таа не ја сака естетската хирургија и токму поради тоа ја обожаваат многу луѓе во светот.

– Не вежбам, не трчам, сакам многу да јадам, едноставно кажано – мрзлива сум! И што е најважно, не бегам од тоа – изјавила пред неколку години Белучи.

Италијанската актерка е родена на денешен ден во гратчето Чита ди Кастело во провинцијата Умбрија како единица во скромното семејство.

Фото: Wikimedia Commons

– Возрасната врска не значи дека станувате поодговорни, напротив, значи дека наоѓате личност која сепак ви дозволува да бидете полетни. Не сакам премногу да рационализирам, инаку магијата се губи. Објаснувањето на љубовта е како наутро да ги запишувате вашите соништа, а штом ги ставите на хартија, тие исчезнуваат – изјави Моника Белучи за iodonna.it.

Моника денеска полни 60 години, а иако тврди дека сè уште не знае како ќе го прослави денот, вели дека е среќна што и на таа возраст продолжува да открива и успева да ужива во нови искуства.

– Би рекла дека не можеш да се бориш со времето, тоа е многу посилно од тебе. Немате друг избор освен да се договорите, да потпишете примирје и да се надевате дека времето ќе покаже милост. Би сакала да бидам референтна точка за помладите од мене, како што беа и се моите 80-годишни пријатели за мене – објаснила убавата актерка.

Фото: Wikimedia Commons

Моника има две ќерки со поранешниот сопруг Венсан Касел – Дева, кој тргна по стапките на нејзината мајка и полека но сигурно го прави своето име во светот на модата и Леона. И често истакнува дека нејзините ќерки се нејзино прибежиште, инспирација и огледало.

– Децата те учат на универзална љубов, љубов која е безусловна, не очекуваат ништо за возврат, иако самите ти даваат многу.

Фото: jingdianmeinv / Flickr

Сепак, она што особено го привлекува вниманието на медиумите е нејзиниот љубовен живот. Зад себе има два брака, а веќе извесно време е во врска и со режисерот Тим ​​Бартон, во чие продолжение на најновиот филм „Битлси 2“, кој ќе се појави во кината оваа есен.

Моника цврсто верува дека заљубувањето е возможно во секој период од животот, а љубовта кон режисерот го докажува тоа. За неа љубовта е еднаква на животот, недопрената светлина што ја носиш во себе.

– Тоа е големо богатство. Инстинктивно го сакам и го ценам животот. Го сакам сонцето, го сакам морето, сакам добра храна… Светлината ме привлекува повеќе од сенката. Тогаш рамнотежата е друга работа, а јас сум секогаш како вистинска Вага во потрага по рамнотежа, заклучила актерката за iodonna.it.

ФОТО | Најубавата жена на светот стана фатална русокоса: Како повеќе ви се допаѓа?

ФОТО | Легендарниот Тим Бартон доби ѕвезда на Булеварот на славните, покрај него беше и Моника Белучи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот