ФОТО | Најголемиот часовник со кукавица во светот: Голем е како куќа, можете да влезете во него и со свои очи да го видите „танцот на гравитацијата“

Фото: PATRICK SEEGER / AFP / Profimedia

Часовникот со кукавица е, дефинитивно, еден од симболите на Германија, поконкретно на тамошната област Шварцвалд, преведена како „црна шума“. Станува збор за симпатична рачна изработка која стекна обожаватели ширум светот, а постојат и музеи посветени на овие часовници, пишува „Путни кофер“.

Но, дали знаете дека постојат и навистина гигантски часовници со кукавица, големи колку куќа?

Еден таков часовник, кој е заведен во Гинисовата книга на рекорди во 1997 година како најголем во светот, се наоѓа токму во „татковината“ на часовникот на кукавицата, во Шварцвалд, во Триберг. Работата на тој монструозен часовник од кукавица, кој е буквално голем како куќа, заврши во 1994 година, по долги пет години, а неколку години подоцна стана и официјален Гинисов рекордер.

Жителите на оваа област со години се занимаваат со изработка на вакви часовници / Фото: Arnulf Hettrich / imago stock&people / Profimedia

Неговите димензии се импресивни. Самиот механизам на часовникот е висок 4,5 метри и тежи шест тони. Самата кукавица тежи 150 килограми, а нишалото е долго осум метри. Исто така, можете да влезете во џиновскиот часовник и со свои очи да го видите танцот на гравитацијата и теговите што го движат.

Се разбира, овој часовник не е единствен од тој тип во светот. Ако нурнете во неверојатниот свет на часовниците со кукавици, не е ни чудо зошто некои луѓе или заедници се фасцинираат со нив, до степен да ги градат со големина на куќи. Најстарите записи за механизмот што денес е наречен „часовник на кукавица“ датираат од 1600-тите, а првите фармери во областа Шварцвалд почнале да ги прават, наводно, во зимските месеци, како дополнителен извор на приход. Производството на часовници станало особено популарно во 1700-тите.

Денес, часовниците со кукавици, ако зборуваме за оригинален и квалитетен производ, подлежат на сертификација и мора да исполнуваат специфични услови за да се сметаат за вистински, традиционални часовници со кукавици. Тие мора да бидат механички и да се изработуваат рачно, изработени од дрво од Шварцвалд. За оние на кои им е „премногу“, секогаш има модернизирани и стилизирани верзии и може да се гледаат од далечина, на пример во Триберг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот