ФОТО | Најдобро издание досега: Нина Бадриќ ужива во Грција и добри бројни комплименти за изгледот

Фото: Инстаграм/Нина Бадриќ

Грчкиот остров Миконос е вистински рај за хедонистите, дестинација која мами воздишки со својата убавина, божествените глетки, космополитскиот дух и врвниот ноќен живот. Една од оние кои го избраа Миконос ова лето е и хрватската пејачка Нина Бадриќ, која заслужено замина на неколкудневен одмор, далеку од градските гужви.

Пејачката сподели неколку фотографии од ова патување на својот инстаграм-профил, на кои позира во бел летен фустан и самоуверено покажа дека се уште важи за една од најубавите жени на регионалната музичка сцена.

Според коментарите на објавата, многумина сметаат дека ова е најдоброто издание на Бадриќ досега.

„По кој пат да тргнам?“, напиша таа во описот на фотографиите.

Фото: Инстаграм/Нина Бадриќ
Фото: Инстаграм/Нина Бадриќ

„Прекрасна“, „Каде и да тргнеш – ти ќе создадеш улица на славните“, „Вистинското прашање гласи: ‘А, каде да НЕ тргнеш на Миконос?’“, „Преубава и секогаш елегантна“, гласат дел од коментарите.

Инаку, пејачката замина на заслужено уживање по спектаклот кој го направи со колегата, пејачот Тони Цетински, во рамките на музичкиот фестивал „Шубиќевац“, кој се одржа во Шибеник. Претходно пејачката го прослави својот роденден и на својата публика ѝ ја подари песната „Како си“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот