ФОТО | На легендарната рок пејачка ѝ е дијагностициран рак: „Почнувам со хемотерапија, имам уште многу песни за пеење“

Фото: Profimedia

Американската пејачка Ен Вилсон (74), која е главна вокалистка на легендарната рок група „Харт“, откри дека ѝ е дијагностициран рак.

Таа ја објави веста на социјалните мрежи, но не сподели детали за болеста.

„Драги пријатели,

Неодамна имав операција за да отстранам нешто што испадна дека е канцерогено. Операцијата беше успешна и јас се чувствувам одлично, но моите лекари ме посоветуваа дека треба да почнам со превентивна хемотерапија и јас одлучив да го направам тоа.

Исто така, лекарите ми сугерираа дека треба да одморам од сценските настапи до крајот од годината, со цел целосно да се опоравам.

До оние кои веќе купија билети за нашите концерти – навистина посакувам да можевме да ги направиме тие настапи. Би сакала да знаете дека апсолутно планирам да се вратам на сцената во 2025 година. Мојот тим вложува напори да го организира сето тоа и јас ќе ве известам штом ќе го знам планот.

Ви благодарам за сета поддршка.

Ова е само мала пауза.

Имам уште многу за пеење.

Со почит, ова е последната изјава која планирам да ја дадам на оваа тема“, напиша Вилсон на својот инстаграм-профил.

Фото: Инстаграм/Ен Вилсон

Да потсетиме, „Харт“ неодамна ги одложи концертите во Европа, кои се во рамки на турнејата „Heart‘s Royal Flush“.

Како причина за тоа, тие го наведоа тоа што Вилсон била на „рутински медицински зафат“ кон крајот на мај и дека ѝ е предвидено опоравување во времетрање од шест недели.

Тогаш Вилсон им се извини на своите обожаватели и им кажа дека е добра.

Фото: Инстаграм/Ен Вилсон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот